петак, 20. децембар 2013.

Тоше Проески

Тодор Проески - Тоше 


Биографија 


Тодор ,,Тоше " Проески роден е на 25 јануари 1981 година. Познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. 
Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал  ,,Златно Славејче " во 1992 година со песната ,,Јас и мојот дедо " испеана на влашки јазик . Тоше Проески ја започнува музичката кариера на фестивалот ,,Мелфест "  каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на ,,Макфест" со композицијата ,,Пушти ме ". Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработката која ќе му донесе  два од најголемите хитови Усни на усни  и Сонце во твоите руси коси . Во 1999 година го издава својот деби - албум ,,Некаде во ноќта " кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го одржа својот прв концерт, кој и покрај дождот и лошото време , останува незаборавен за неговите обожаватели. 
Во 2000 година Тоше учествува на ,,Скопје Фест" со песната Солзи прават златен прстен која и покрај тоа што победува на теле - боутингот на крајот го освојува третото место. Во овој период полнува да ги снима и песните за својот втор албум Синот Божји кој е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како ,,Немир" ( дует со Каролина Гочева ) , ,,Во коси да ти спијам" , ,,Излажи ме уште еднаш", како и ,,Илузија" и ,,Тајно моја", двете песни компонирани од Кире Костов. 


Ѕвездена слава 

Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум ,,Ако ме погледнеш во очи"  на македонски и српски јазик. Следи потоа период на интензивна промоција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот ,,Беовизија" со песната ,,Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.

Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њујорк кој е во својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза, а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор . 

Следната година МРТВ го избира Тоше за преставник на Евровизискиот настап кој се одржува во Инстамбул, Турција . Во февруари, со помош на теле - воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти . Во април Тоше го издава албумот ,,Ден за нас" , двојно цеде на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец Тоше го освојува 14-тото место со песната ,,Life", англиската верзија на ,,Ангел си ти" . Пред изборот станува омилена личнот меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворедни оперски квалитети на прес - конференциите. По ова следуваат низа концерти и албуми . 
Неговиот последен концерт одржан на 5 Октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители. 




Композитор и текстописец 

Тоше Проески исто така се потврдува и на полињата на компонирањето музика . Има напишано неколку песни за себе, како што се ,,Има ли ден за нас" , ,,Слушаш ли" , ,,Малечка" и ,,Полско Цвеќе". Во 2004 година, Проески ја компонира и ,,Муза" - голем хит за Мартин Вучиќ и наслов на неговиот следен албум.  Во едно интервју, Тоше има речено дека има повеќе од 100 искомпонирани и напишани песни за кои чека прав момент за да ги издаде. 


Неговиот трагичен крај 

Тоше Проески загинал на 16 Октомбри 2007 година во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Република Македонија. Денот на неговиот погребм 17 октомври беше прогласен за Дел на Националната Жалост. 
 

Нема коментара:

Постави коментар